Во Кавадарци масовна кражба на ореви

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Три случаи на кражба на ореви се регистрирани на подрачјето на општина  Кавадарци во текот на октомври и ноември 2015 година, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Анита Стојкоска.

ораси

– Во првиот случај сторителот од подрум од куќа во Кавадарци одзел три вреќи во кои имало околу 30 килограми ореви, додека во вториот и третиот случај  сторителот од тераси од куќи во Кавадарци одзел вкупно околу 75 килограми  ореви, појасни Стојковска.

На 17. ноември, подвлече таа,   помала количина од одземените ореви била  пронајдена и вратена на оштетеното лице.

– Се превземаат мерки за расветлување на кражбите, вели  Стојковска.