На 13 декември СДСМ ќе одржи Програмски конгрес

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно донесе одлука да се одржи Програмски
конгрес на СДСМ.

CO2

Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 13 декември.

Програмскиот конгрес на СДСМ е отворен за заинтересираните експерти и претставници
на граѓанскиот сектор кои сакаат да дадат придонес во новата Програма за граѓаните и
за Република Македонија.

CO1

СДСМ ја повикува стручната и граѓанската јавност да се вклучи во заокржувањето на
новата Програма на СДСМ.

Конгресот на СДСМ ќе усвои Програма што ќе биде преточена во Изборна програма на
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на граѓаните на Република Македонија.

Со таа Програма СДСМ заедно со граѓаните се надева на победа на 24 април 2016 година.

Слични содржини