Нештата кои го прават еден ресторан успешен

од Vladimir Zorba
222 прегледи

За да отвориш ресторан и тој да биде вистински успешен потребни се доверба и добра визија. Но освен тоа, оваа бизнис идеја комбинира уште бројни состојки за да дојде на омиленото место.4526998

Отворањето и развојот на локал е возбудливо, но и е еден од најризичните, тешки и долги потфати. Затоа платформата за нарачки на храна – foodpanda, ги наведува главните точки кои го придружуваат успехот, воочени во обидите на сопствениците на најдобрите ресторани во светот – Ким Стренгари, кој ги поседува најуспешните претпријатија во Филаделфија, Вен Јунг е еден од најпознатите најдобри суши  ресторани во светот, а Ламбрин Мачевски е сопственик на мексикански ресторани.

Првото е планирањето. Бидете подготвени на многу жртви и бидете сигурни дека сте љубители на она што го правите. Првиот чекор е развивање на бизнис план кој нагласува на план за вашиот успех. Тој треба да вклучува истражување на пазарот, сеопфатен поглед на вашите конкуренти, вашата целна публика, маркетинг планови, како и избор на локација.

Идентификување и извор на финансирање. Втората стратешка цел е локацијата. Имате потреба од место кое привлекува толпи, лесно достапно и има потенцијал за раст. Се разбира, ви треба место кое се вклопува во рамките на буџетот. Тоа е едно од најголемите одлуки кои ќе ги направите како сопственик.

Третиот чекор е менито. Менито ќе ги враќа клиентите повторно и повторно. Дали ќе понудите 5 ѕвездени јадења, суши, пица или дури и хамбургери, вие мора да сте убедени дека тие ќе се вкусни и уникатни. Поканете ваши блиски да го тестираат менито. Повратната информација е важна за вкусот и цените.

Четврто персоналот. Движечката фигура на вашето место. Направете листа со барањата за готвачи и келнери. Тестирајте ги на неколку наврати пред да бидат ангажирани. Никој нема да се врати, ако добие лош третман од келнер.

Петто маркетингот. Информирањето од уста на уста има ефект, но не доволно за да биде вашиот локал целосен. Направете промоции, учествувајте на демонстрациите, придружете се на бизнис асоцијации и користете ги барем бесплатните социјални канали.

Вгнезденете ја целата своја енергија и не очекувајте дека ресторанот ќе биде рентабилен за една ноќ. Планирајте така што ќе бидете подготвени да работите со загуба првите шест месеци, советува еден од најдобрите суши ресторани во светот на Вен Јунг.