Веројатно сте слушнале дека пред два месеци во долината Мина до Мека загинаа над 700 лица за време на турканиците при еден од ритуалите на годишното обожување (Хаџ) кое собира милиони верници. 
Па, ви го претставуваме самиот шаторски град Мина кој е само 8 километри источно од светиот град на муслиманите.
Тој е лоциран во внатрешноста на долината во провинцијата Мак, во западниот дел на Саудиска Арабија. Самиот град е со површина од 20 квадратни километри, а шаторите во него се уредно наредени, ред по ред.
Токму во овие шатори поклониците остануваат во текот на ноќта за време на петте дена на Хаџ, а во остатокот од годината, Мина е речиси пуст.
Во градот има повеќе од 100 илјади климатизирани шатори, кои се со површина 8 од 8 метри и се изработени од фиберглас, покриени со тефлон, за да се отпорни на оган.
Шаторите се поделени во неколку кампа, од кои секој има свој надворешен ѕид, опремен е со кујна, купатило и капацитети за капење.
Во последните две години градот претрпе огромна промена, бидејќи владата на Саудиска Арабија инвестира милиони во инфраструктурни проекти.
Според многу луѓе во овој град кој е полн само 5 дена во годината, може да се сместат голем дел од бегалците од Сирија, Ирак, Авганистан и т.н., кои тргнале кон Европа.
Саудиските принцови сепак не сакаат да слушнат …
Погледнете како изгледа овој град во галеријата.