Сега е моментот кога треба да си кажеме и признаеме доколку сме направиле нешто лошо затоа што така ќе можеме работите да ги поправиме. Нашата заложба за унапредување на етничкиот статус е константа во нашата политика, како што е константа залагањето за мир. Ова денеска го рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на Свечената академија по повод Денот на албанското национално знаме и Денот на независноста на Албанија, пренесе Телма.
-Нашиот народ отсекогаш бил мирољубив, ние никогаш не сме поттикнале војна. Другите се обидувале да ги одземат нашите земји, но времињата се променети. Нас на Албанците во овие времиња ни треба уште повеќе ум, за да ги унапредиме сите прашање во однос на статусот на Албанците и да ја заокружиме целта – а таа е, еднакви права на двата најголеми народа, албанскиот и македонскиот. Наша цел се Европката унија и НАТО. Посакуваме заокружување на целиот процес на независноста на Косово со прием во меѓународните институции, заокружување на целиот интеграциски процес на Албанија и нејзин економски развој, посакуваме мирен Балкан, како дел од евроатланското семејство, рече Ахмети.
![ahmeti_svecena__0[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/11/ahmeti_svecena__01.jpg)