Дедо Мраз-криминалец, во Бразил украде хеликоптер

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Бразилската полиција е во лов на Дедо Мраз од Сао Паоло кој божиќната сезона ја отвори со кражба на хеликоптер.

ZlocestiDjedMraz123Rf

Крадецот во петокот вечерта изнајмил хеликоптер од такси служба во воздушната база Кампо Марта во Сао Паоло како изненадување за црниот петок.

Во текот на летот, Дедо Мраз го присилил пилотот да слета на мала фарма надвор од градот,каде се нашол со уште еден човек. Двајцата го врзале пилтот и со хеликоптерот одлетале во непознат правец.

Пилотот после неколку часа успеал да се ослободи и да ја извести полицијата.

Засега нема трага од хеликоптерот.