Kолку и грозно да звучи, во моментов ” ИД “е удобен привремен сојузник на Саудиска Арабија

од desk3
89 прегледи

zx450y250_2637952

Саудиска Арабија планира да егзекутира наскоро над 50 лица осудени за тероризам. Тоа го објавија локални медиуми и тоа се гледа како предупредување до сите кои сакаат да станат милитантни џихадисти и да напаѓаат објекти во кралството. Според арапски весник 55-ца чекаат извршување на најтешката казна поради тоа што се виновни за смртта на повеќе од 100 цивили и на 71 припадници на силите за безбедност. Некои од нив биле поврзани со “Ал Каеда”, други биле од Ауамија – шиитски град во богата провинција со нафта . Во последните неколку години за напади од 2003 до 2006 година, како и во 2009 година, беа осудени десетици, но за 10 години за напади на “Ал Каеда” со стотици жртви се егзекутирани (порано оваа година) само двајца мажи од Чад.

Израел и дозволува на Русија летови во својот воздушен простор

Покрај подемот на “Исламска држава” на Запад се појавија многу критики кон Саудиска Арабија. Додека некои од нив се помеки и се поврзани со обвинувањата дека Ријад – еден од најважните регионални сојузници на Западот – не учествува доволно активно во борбата против терористичката организација, други наоѓаат врска помеѓу крајната форма на исламот, кој го пропагираат во Саудиска Арабија – вахабизмот – и религиозната мотивација, со која “Исламска држава” ги оправдува варварските дела.

Бројните скандали за кршењето на човековите права во кралството (јавни егзекуции, удирање со камшици и др.) дополнително налеваат масло на огнот.

Весникот “Волстрит џурнал” нуди краток систематизиран преглед како Саудиска Арабија учествува во војната против “Исламска држава” и виновна ли е за подемот .

Операциите против “Исламска држава” во Сирија и Ирак

Саудиска Арабија има еден од најголемите воени буџети во светот, а армијата и е меѓу воено најспособните во регионот. веќе една година Ријад учествува во коалицијата предводена од САД против “Исламска држава” и беше меѓу оние кои први бомбардираа позиции на џихадисти. Пред тоа Саудиска Арабија работеше заедно со САД за воена обука на сириските бунтовници.
Подемот на “Исламска држава” се должи повеќе на алтернативни канали за финансирање, а не толку на донации од саудиски државјани, сметаат аналитичарите.

zx450y250_2542816
Според некои аналитичари, сепак овој почетен ентузијазам веќе се намалил и Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив се повлекоа од коалицијата на Западот против “Исламска држава”. Колкав е степенот на ова повлекување е тешко да се процени, бидејќи Ријад не дава детали за учество во кампањата. Вашингтон исто така не даваат информации за ангажираноста на земјите од Заливот.

Една од можните причини за ова повлекување е недостатокот на консензус меѓу земјите од регионот за начинот на водење на битките против “Исламска држава”. Исто така, сепак експертите сметаат дека кампањата на Саудиска Арабија против поддржаните од Иран бунтовници во Јемен и го одвлекува вниманието од “Исламска држава”.
Бегалско прашање

Граѓанската војна во Сирија и активностите на “Исламска држава” придонесоа за невиден мигрантски бран во Европа и во други делови на светот. Според проценките на ОН половина од 23-милионското население на Сирија (податоци пред почетокот на конфликтот) или ја напуштиле, или се внатрешно раселени.

Во ЕУ и САД се издигна бран од гнев против Саудиска Арабија и другите земји од Заливот поради нивното одбивање да прифати поголем број бегалци. Од Ријад возвраќаат дека дале право на престој на 2,5 милиони сириски бегалци. Покрај тоа, земјата донираше најмалку 90 милиони долари на Агенцијата за бегалци на ОН во 2015 година

zx450y250_2652842

Причината за тоа разминување во мислењата веројатно се должи на фактот дека Саудиска Арабија и нејзините соседи не се потписнички на Конвенцијата на ОН за бегалци и затоа не ја извршуваат меѓународно прифатената процедура за сместување на бегалци. Според експертите во земјата влегле многу Сиријци, но точниот број не е јасен. Обично Ријад не им дава бегалски статус. Наместо тоа, повеќето влегуваат во земјата со визи за странски работници.

Финансирање на тероризам
Теоријата дека Саудиска Арабија ја финансира “Исламска држава”, е широко распространета. Некои дури тврдат дека Ријад ја “создал” терористичката организација.

Извештај на Вашингтонскиот институт од јуни 2014 година , доаѓа до заклучок дека постојат голем број донации за “Исламска држава”, направени од саудиски државјани во својство на приватни лица, иако земјата се обидува да ги спречи овие донации. “Донатори од земјите од Персискиот Залив – меѓу кои се смета дека Саудијците се највеќе – пренасочиле стотици милиони долари кон Сирија во последните години, вклучувајќи на” Исламска држава “и други групи”, гласи заклучокот на извештајот.

Веројатно овие пари одиграле улога во развојот на “Исламска држава” и други слични организации. Овие донации сепак едвај веќе имаат толку фундаментално значење имајќи ги предвид другите канали преку кои се финансира терористичката група.

Повеќе загрижувачки факт е бројот на граѓаните на Саудиска Арабија, кои заминале за Сирија, за да се вклучат во редовите на “Исламска држава”. Се смета дека тие се најмалку 2.500 луѓе, кој го претвора Ријад во еден од главните извори на странски борци за групата.

Допирните точки во идеологијата

Иако “Исламска држава” и Саудиска Арабија се сметаат меѓусебно за непријатели, не може да се негира дека имаат многу допирни точки во однос на религиозните сфаќања.

Според информации на Дејвид Киркпатрик од “Њујорк тајмс”, кога терористичката организација почна да ги затвора училиштата во освоените територии, таа е испечати копии на саудиски учебници кои се достапни на интернет. Други забележуваат дека некои од најбруталните казни на “Исламска држава” – како што претепување со камења до смрт поради неверство – е честа и во Саудиска Арабија.
zx450y250_2658279
Властите во Ријад се обидуваат да се справат со имамите кои проповедаат повеќе крајна верзија на исламот. Покрај тоа, земјата има инвестирано доста во институции, чија цел е да “превоспитат” екстремисти и терористи, вклучувајќи и такви од “Исламска држава”.

Сепак голем број експерти истакнуваат дека иако политичката елита го поддржува спроведувањето на реформи, таа е тесно поврзана со духовниците вахабисти кои имаат сериозно влијание во земјата. Иако Ријад наметнува ограничувања на имамите, кои отворено ја поддржуваат “Исламска држава”, таквите мерки не се земаат против проповедниците, чии учења го негува екстремизмот.

Најголемата загриженост е дека Саудиска Арабија едноставно ги насочила напорите против влијанието на шиитски Иран, наместо против “Исламска држава”. “Чувството ми е дека колку и грозно да звучи, во моментов” Исламска држава “е удобен привремен сојузник на Саудиска Арабија, го заврте вниманието кон себе и овозможува напорите на Ријад да бидат насочени против Иран и неговите поддржувачи”, резимира специјалистот по Блискиот Исток од Велика Британија Кристофер Дејвидсон.