Русија демонстративно забранува да се “посегнува” врз неа, но во исто време таа самата посегнува на други, пишува DW.
Портпаролот на Кремљ директно закачи предупредувачка табличка: “Забрането е да се посегнува на Русија”. Кој ќе ја наруши оваа забрана, веднаш ќе биде казнет. Со санкции на пример, какви што беа наметнати штотуку на Турција. Па да, во право! – Ќе кажат многумина. Дали ?
Дали Турција навистина посегна на Русија, кога собори еден бомбардер кој влегол во турска територија, откако неговиот екипаж не неколку наврати бил повикан да го смени курсот? Русија, која претседателот Путин сака да ја издигне до такво величие другите земји да треперат од страв и брзо-брзо да се тргаат настрана, сега се прави невина жртва во еден инцидент, предвиден одамна од многумина бидејќи Русија ги бомбардира противниците на Асад во непосредна близина на турската граница.
Германија и Франција подготвени да прифтат учество на сириската армија во борбата против ИД
Москва очигледно не гледа ништо лошо во тоа да праќа бомбардери на летови во ризични правци во Северна и Западна Европа, само за да ја демонстрира својата моќ. “На Русија не смее да се посегнува”. Зар некој го прави тоа или пак го сака? Но види, самата Русија посегнува на други. На пример на Украина.
Да, едвај беше особено умен да се собори руски авион. Но, во случајот не Турција беше провокатор.
