(ГАЛЕРИЈА) Секси празнични денови со Агент Провокатор

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Наближувањето на зимските празници ја диктира нашата желба да експериментираме и истовремено со тоа да блеснеме со секси изглед.27ee9d8fd6320218a8ae6abd8cbf094d

Секогаш придржувајте се кон концептот за провокација од Agent Provocateur гледајќи ја секоја нова сезона како вистински предизвик.

По повод празничните денови, од брендот претставуваат сексапилна кампања со предлози за Holiday 2015.

Ако има нешто што не можеме да одречеме, тоа е фактот дека со секој нареден кадар температурите се креваат повеќе.

Инспирирани од спортските дисциплини во текот на зимата, од брендот ја позиционираат Аби Кланси на позадината на снежните планински врвови и ја оставаат … само по луксузна долна облека.

Предлозите вклучуваат клучни модели, меѓу кои познатите Classic Mollu, Soriee Vega, Willa и други.

Предизвикувачки конци, жартиери, градници и гаќи се комбинираат со скии, шубари, куфери и, се разбира, маска за скијачи како водечки додаток.

И празниците сигурно веќе не се исти.

Истражете ги примамливите кадри во нашата галерија и откријте ја својата инспирација за тоа тоас како успешно да се претворите во фаталната жена.