(ГАЛЕРИЈА) Опустошеното египетско летувалиште „Шарм ел Шеик“

од Vladimir Zorba
132 прегледи

До неодамна Шарм ел Шеик беше едно од најголемите египетски летувалишта на Црвеното Море. Денес тој е град на духови, обележан со атентати, политички немири и авионска несреќа.70cac109a06b2a3276a668a93c801f16

Прекрасните плажи и туристички атракции на Египет сега се празни, а сјајните хотели се напуштени, убавината од минатото доста е овената.

До пред четири години (до т.н. Арапска пролет на 2011-та, кога почна бранот со демонстрации во арапскиот свет) туристичката индустрија во Египет беше повеќе од просперитетна, но веќе речиси никој нема да сака да одмора на Црвеното Море. Претходно на одмор доаѓале по 15 милиони посетители годишно, а денес оваа бројка е за девет пати помала.

Последната шајка во ковчегот на египетскиот туризам беше соборениот руски патнички авион од Исламската држава над Синајскиот Полуостров. Авионот Ербас-321 летал од Шарм ел Шеик кон Санкт Петербург, а на него имало 224 луѓе, сите – руски граѓани и сите веќе починати.5bf0f3bbeb64f435085bad1405f6e998

По овој терористички напад многу малку авиокомпании се подготвени да спроведуваат летови во регионот, како последица на што таму владее пустош.

Од снимките на фотографското дуо Андреа и Магда се гледа дека хотелите во Шарм ел Шеик се напуштени или недовршени, плажите – пусти.

На една од фотографиите се гледа бездомна камила, која бара храна во канта за ѓубре во Нувејба. Таа е едно од многуте напуштени животни, кои своевремено биле користени како туристичка атракција за т. н. “Бедуинска вечера”, која вклучува јавање на камила низ пустината.

Истото важи и за туристичката населба Таба, на источниот брег на Синајскиот Полуостров, која граничи со Израел.

Истово низ фотографии погледнете го во галеријата.