Црна Гора во среда ќе добие покана за членство во НАТО

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО би требало во среда да ја поканат Црна Гора да се придружи на Алијансата, дознава во понеделник агенцијата France presse од дипломатски извори.

crna-gora-nato-

„Планот на декларацијата го одобри Советот на НАТО на ниво на амбасадори“, рече еден дипломат за AFP.

Официјалната одлука ќе ја донесат 28 министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО, а кои би требало да ја поканат Црна Гора да се приклучи на НАТО во среда, на вториот ден од министерскиот состанок во Брисел.

Пристапот ќе се одвива во максимален период од година и половина, појасни дипломатскиот извор, по фазата на преговори и ратификација во националните парламенти на 28 земји членки.

„Тоа ќе биде историска одлука што ќе го одбележи нашиот постојан ангажман во полза на земјите од западен Балкан и нашата политика на отворена врата“, коментираше во понеделник генералниот секретар на Сојузот Јенс Столтенберг, кој сепак не се изјасни за одлуката.

„Црна Гора помина добар дел од пристапниот пат до евроатланското семејство“, оцени Столтенберг.

Слични содржини