(ВИДЕО) Култниот „Пилери“ календар во 2016 за првпат наместо голи избра успешни жени

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Со сосема спротивен изглед од минатогодишниот (и сите претходни), Пирели ја подигна завесата пред новиот календар за 2016 снимен од талентираната Ани Лебовиц. Наместо стандардните расоблечени секси модели, за првпат во историјата, Пирели се одлучи сосема да го промени својот стил, и во центарот под рефлекторите да постави некои од светските највлијателни жени.pirelli-calendar-2016-02-1350x900

Календарот содржи црно-бели портрети на Јоко Оно, Пати Смит, Серена Вилијамс, Фран Лебовиц, Ејми Шумер, Тави Гевинсон, Ејва Дувернеј, Наталија Водјанова, Агнес Гунд, Кејтлин Кенеди, Мелоди Хобсон, Шајрин Нешат и Јап Чен.pirelli-calendar-2016-01-1350x900

Бидејќи календарот нема да биде пуштен во продажба, туку ќе биде подарен на ексклузивна група од 20.000 „ВИП музичари, политичари и елита“, за да поуживате и донесете суд за новиот концепт, можете да го погледнете снимањето во видеото погоре.

pirelli-calendar-2016-03-1350x900