Италијанската влада ќе ја следи комуникацијата која се остварува преку разговор услугата на гејминг конзола PlayStation 4, соопштува “Индипендент”. Министерот за правда Андреа Орландо изјави за локалниот печат дека системот за пораки на гејмерски машината може да се користи од страна на терористи при планирањето на напади.

Владата планира да инвестира 150 милиони. Евра во наметнување на нови мерки за информациска безбедност до крајот на годината. “Интернетот нуди бројни можности за комуникација и анти-терористичките истраги покажаа дека PlayStation исто е употребено средство, па било каква форма на комуникација треба да биде следена”, рече Орландо.
Два дена по координираните напади во француската престолнина Париз на 13 ноември, министерот за внатрешни работи на Белгија, Жан Жамбон изјави дека разузнавачките служби откриле сокриен канал за бирање на џихадисти во конзола.

Во моментов италијанските органи на редот се подготвуваат напорно за почетокот на “јубилејната година” на Ватикан, која почнува на 8 декември. Се очекува 25 милиони католици да патуваат до Рим во потрага по простување на гревовите во т.н. Света година на милосрдието, која папата Фрањо објави порано во 2015. На денот по париските напади, Италија соопшти дека ќе ангажира дополнително 700 војници за време на дообработка на настанот