Сексот за смирување од секогаш бил едно од најдобрите и врвни искуства во кревет, а и надвор од него (зависи каде сакате да го правите).
Оние на кои им се случил знаат за каква експлозија станува збор. Оние кои се уште не го преживеале, можат да видат зошто сексот за смирување меѓу е најсупер нештата што може да се случат помеѓу двајца партнери!
Ќе се чувствувате уште повеќе поврзани
Ако сте се мразеле до пред малку по грандиозен скандал, сексот ќе е страсен, блескав и вистински огнен. Ќе се бара да правите работи кои никогаш не сте ги направиле. Ќе сте на прагот да стигнете до оргазам само поради разбеснетите хормони. А агресивната љубовна игра ќе ве запали до крај.
Досадното нешто за што сте се скарале, ќе исчезне
Сексот за смирување е толку добар и зачудувачки што она мало нешто, поради кое сте се скарале или разделиле останува некаде во минатото. Често дури изутрината не се сеќавате на него.

Ако партнерот ви бил виновен, тој ќе компензира
За да ја компензира својата вина, вашиот партнер ќе даде сè од себе за да ве задоволи. Вие би го направиле истото, нели?
Дури и огромните проблеми се заборавени
Проблемите кои се однесуваат на партнерите и недоразбирањата меѓу нив често се избришани барем привремено од извонредниот секс за смирување. Многу пати проблемите од ваков род се одложуваат, бидејќи сексот е неодолив, а и ги насочува мислите во позитивна насока.
Гневот ќе ве направи вистински страстни
Гневот го зголемува адреналинот и тестостеронот. Ова му дава силен енергетски поттик, кој или ќе се трансформира во агресивно однесување, или ќе прерасне во огнена љубовна игра во која нема да можете да се наситите на движењата на другиот.

Границата помеѓу насилството и сексот е навистина тенка, па испреплетувањето е слично, забрзувањето на пулсот е слично, а желбата да се зграпчи другиот и да му се предизвика нешто – апсолутно еквивалентна.
Оргазмите се многу посилни
Нема како кај таков жесток секс завршетокот да не е вистински врв. Оргазмите по секс за смирување се меѓу најсилните, уште поинтензивни и уште подолги отколку кога и да е друг пат.