(ГАЛЕРИЈА) Футуристичката вила од “Спектра“ се продава

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Футуристичкото дувло на негативецот од новиот филм за Џејмс Бонд – “Спектра” се продава за 4 милиони долари.f7abc53bf29a94a9173a95f3cb2972e0

Во филмот вилата е дом на лошиот лик, толкуван од германскиот актер Кристоф Валц.

Таа се наоѓа во пустината на Мароко и располага со три спални, фитнес центар, голем отворен базен и посебна куќа за гости.

Модерниот дом божем е уништен при експлозија од самиот Агент 007, но тоа се само специјални ефекти во  филмот.

Во импресивната куќа се фотографирани неколку сцени од “Спектра”, ка фановите на лентата сигурно ќе го препознаат имотот од кој се открива чудесниот панорамски поглед кон Атласките планини.

Луксузниот имот е изграден во 2006 година и е во сопственост на француски бизнисмен.

Погледнете повеќе фотографии од куќата во галеријата.