Во Бар откриени 30 килограми херион, пратката стигнала во товарен брод со кафе

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Во пристаниште во Бар во Црна Гора цариниците откриле околу 30 килограми супстанца за која се сомнева дека е кокаин, јавуваат подгорички „Вијести“.

1331942480733332584

Како што дознава весникот, кокаинот е најден во контејнер кој стигнал со прекуокеански брод. Вреќата со дрогата била сокриена меѓу вречите со кафе.
Службениците на Управата на царината за заплената ја известиле полицијата, која дрогата ја зела и предала на вештачење во Форензички центар.

Соговорник на Вијести рекол дека запленетата дрога има вредност од 1,5 милиони долари.
-„Контејнерот стигна со брод, а во него имаше кафе. Супстанцата е откриена за време на отворање на контејнерот во едно од складиштата во кругот на пристаноштето. Нарачаетел на товарот наводно е од Црна Гора.“ – наведува изворот.

Слични содржини