Фајненшал тајмс: Британската служба за електронско разузнавање призна дека извршувала хакерски напади

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Британската служба за електронско разузнавање Центар за владини комуникации (GCHQ) за првпат призна дека преземала хакерски напади врз компјутери, објави Фајненшал тајмс.

хакер

Признавањето е изнудено на суд од интернет компании и активисти кои поднесоа тужба против активностите на службата. Тужбата ја поднесоа седум интернет-провајдери и невладина организација Прајваси интернешнал против службата за електронско разузнавање и Министерството за надворешни работи во Велика Британија, поради хакерски акции во државата и странство.

Во октомври поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден во интервју за британски медиуми нагласи дека тој Центар е способен да контролира смартфони без знаење на сопственикот претворајќи ги во средства за следење. Станува збор за инсталирање шпионски софтвер.

Сноуден рече дека Центарот за владини комуникации и американската НСА соработуваат и инвестирале значителни средства во технологии за следење преку смартфони дури и кога се исклучени. Според Сноуден, разузнавачките служби може да следат кому му се јавувате, да го снимаат целиот разговор, какви пораки пишувате, кои сајтови ги посетувате и каде користите бежичен интернет.