Производителот на електрични автомобили “Тесла” се приклучи на “Гугл” и “Епл” во рангирањето на најиновативните компании во светот, на реномираната консултантска агенција Boston Consulting Group (BCG).
“Тесла” го зазема третото место во листа со 50 компании, изготвена врз основа на анкета меѓу 1.500 вработени на раководни позиции во широк круг компании. Освен “Тесла” во првите 10 компании има уште 3 автомобилски производители, насочени кон конвенционалните бензински пазари.
“Епл” и “Гугл” го задржуваат првото и второто место. По третите “Тесла” првата десетка се дополнува со “Мајкрософт”, “Самсунг”, “Тојота”, Бе Ем-Ве, Gilead, Amazon, и “Дајмлер”.
Во целосниот список има 29 американски компании, 11 европски и 10 азиски. Само 12 се во технолошкиот сектор, а истовремено е видливо присуство на гигантите од индустриската ера како “Џенерал електрик” и “Дау Кемикал”.
Околу 80 проценти од испитаните менаџери изјавиле дека иновациите се приоритет во нивните деловни потфати, но “главен” приоритет се за само 1/5 од нив. Креаторите на извештајот од BCG истакнуваат дека тенденцијата која станува појасна по овогодинешното истражување, е за сè поголемото значење на науката и технологијата во бизнис иновациите. Одличен пример за тоа е “Џенерал електрик”, кои внесуваат сè повеќе користење на 3-D печатење во машинството.