Пред училиште ограбена жена, добила и закани и ќотек…

од desk3
83 прегледи

тепање-620x330

На 01.12.2015 година околу 15,00 часот во Куманово, пред ОУ„Наим Фрашери“ на ул.„Страшко Симонов“, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво во обид над Б.И.(37). Имено, додека оштетената одела накај дома сторителот од зад грб и се приближил, ја фатил за ташната, и откако неуспеал да ја земе и се заканил со пиштолот, со тупаница ја удрил во пределот на лицето и и ја одзел ташната.

Во Бар откриени 30 килограми херион, пратката стигнала во товарен брод со кафе

Откако оштетената почнала да вика сторителот ја оставил ташната и избегал во непознат правец. Б.И. е упатена во МЦ-Куманово, каде и е укажана  лекарска помош и констатирана и се ТП. Од страна на полициски службеници осомничениот е фатен и лишен од слобода, а се работи за П.Н. од Куманово и по целосно расчистување и документирање на настанот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини