Напаѓачите биле со панцири, засега не е јасно дали станува збор за терористички акт.

Саид Фарук и неговиот брат најверојатно оставиле експлозивна направа во станот каде направиле обид да се сокријат, откако реализирале масовно пукање во Сан Бернардино.При нападот беа убиени 14 лица, 17се тешко повредени.
Трагедијата се случила е во Inland Regional Center – еден од 21 објектот на социјалните служби за поддршка на лицата со проблеми во развојот околу 11 часот по локално време.Саид и неговата соучастничка беа убиени во бркотница со полицијата, откако направија масовна увбиство и ранија многу луѓе.Претходно беше објавено дека напаѓачите се тројца, но засега не е јасно дали има трет човек.
Фарук бил вработен во општинската здравствена служба, која имала прослава во зградата каде што беше извршена нападот. Според сведоците, тој бил дел од новогодишната или божиќната забава, но се тргнал по некоја скандалозна расправија. Набргу потоа мажот се вратил вооружен со својата соучастничка ипочнал да пука..Напаѓачите биле тешко вооружени, носеле панцири. Сеуште не е јасно дали станува збор за терористички акт. Во моментов американската полиција спроведе рација во станбена зграда, оддалечена 3 километри од местото на пукањето. Во овој регион биле убиени и двајцата осомничени. По првичните информации станот, во кој се одвива операцијата е нивна сопственост. Тие тргнале да се скријат таму по престрелка . Силите за безбедност се обидуваат да деактивираат пакет, кој според нив е експлозивна направа.