Британскиот парламент одобри бомбардирања против ИД во Сирија

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Британскиот парламент гласаше за воздушни напади на кралските воздухопловни сили против исламистичката организација “Исламска држава” во Сирија. За време на гласањето во Долниот дом на британскиот Парламент 397 пратеници го поддржаа предлогот на премиерот Дејвид Камерон за започнување на бомбардирања против ИД. Против беа 223 пратеници.

4537856

Претходно денеска владата поднесе предлогот, мотивирани со тоа што ИД претставува “главна закана за безбедноста на Велика Британија. Тој потсети дека во последните месеци екстремистите од ИД извршија неколку крвави напади, жртви на кои станаа триесет Британци, стрелани во одморалиште во Тунис во јуни. Британските кралски военовоздухопловни сили можат да почнат да нанесуваат удари по позиции на екстремистите од терористичката организација “Исламска држава” во Сирија уште од денеска . Тоа го изјави непосредно пред гласањето министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд. Кој истакна дека Бомбардерите можат да започнат активностите “многу брзо – уште  вечер  на 3 декември. Група демонстранти излегоа веднап на улица  со став против бомбардирањето , но протетот прекина за половина час  во центарот на Лондон  / АФП