Владата досега воопшто не го отворила прашањето за Законот за јавнообвинителска служба на кој инсистира специјалната обвинителка Катица Јанева, за како што вели, да профункционираат истражителите и административаната служба во СЈО, потврдуваат за 24 вести владини функционери. Истите функционери тврдат дека и покрај тоа што Јанева неколкупати ја прозва Владата, досега на дневен ред на седница не се нашол законот.

-Јанева

Официјално од Илинденска не одговорија на прашањето кога Груевски ќе го стави на дневен ред. И покрај информацијата од СЈО дека обвинителката заедно со министерот за правда доставила закон до Владата, од министерството денеска велат дека до нив било доставена само драфт верзија за која Јанева побарала само мислење. Од Правда тврдат дека за да достават закон, мора да има мислење на Влада , кое тоа ќе го побара од нив.

Јанева  не одговори дали размислува да побара пратениците во Собранието да го достават решението на гласање што таа го поготвила. Во ПГ велат не добиел такво барање.

Дел од правните експерти пак тврадт дека на Јанева не и треба законот за да функционира. Порачуваат дека и со актуелниот закон СЈО може целосно да работи. Велат, законот за јавнообвинителна дејност стои во фиока од 2012-та, и е потребен, но не неопходен за Јанева да дејтсвува.

Најчевска и со конкретна порака до Јанева.

Во законот за СЈО во членот 9 , став 8 стои:

Специјалниот Јавен Обвинител може да вработи стручни соработници, експерти, советници, истражители и административен персонал да работи во истражниот центар.

Јанева не сакаше да ги коемнтира ниту овие толкувања. Од СЈО на неколку наврати побараа од Владата и институциитре да реагираат бидејќи без законот обвинителството е буквално блокирано. Во соопштениео од таму стоеше дека без законот функционирањето на ова Јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се подеднакво неопходни како и јавните обвинители.

Слични содржини