(ГАЛЕРИЈА) Во бунгаловот на сопругот на Камерон Дијаз

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Рокерот Бенџи Маден одлучи да го продаде својот бунгалов во Лос Анџелес, бидејќи тој веќе не му треба.8a270b7d7ff820a48286662c84c4debc

Пред една година музичарот од групата “Good Charlotte” се ожени за холивудската ѕвезда Камерон Дијаз и се пресели да живее во нејзината палата во Ел Еј.

Затоа Бенџи објавил цена од 1,5 милиони долари за своето ергенско живеалиште, кое сепак навистина е многу шик.

Пријатниот бунгалов се наоѓа во близина на шума, обезбедувајќи го чувството за приградска куќа во ранчерски стил.

Дрвена зграда е изграде во 1951 година и е со површина од околу 220 квадратни метри. Домот на Маден е на еден кат, има камин и француски прозорци, од кои се открива поглед кон дворот и терасата.

Бенџи го купи бунгаловот во 2013 година за 1,1 милиони долари, само неколку месеци пред да започне врска со актерката.

Во моментов тој и Камерон живеат во комплекс од затворен тип во Беверли Хилс, во близина на домот на неговиот брат-близнак Џоана и неговата сопруга Никол Ричи.

Неодамна Дијаз пак го објави својот луксузен стан во Њујорк за продажба. Тој се наоѓа во квартот Челзи во Менхетн или попрецизно во зградата Walker Tower.

Видете фотографии на холивудскиот бунгалов на Бенџи во галеријата!