Вистинската опасност: нуклеарното оружје на Саудиска Арабија?

од desk3
99 прегледи

Иако беше потврдено дека Иран навистина тајно има развиено нуклеарно оружје, опасноста што произлегува од Саудиска Арабија, е очигледно многу поголема. Инаку германското разузнавање немаше да биде толку загрижено- пишува DW.

0,,18213170_303,00

Германското надворешно разузнавање БНД сигурно е сериозно загрижено откако обелодени свој специјален извештај за Саудиска Арабија. Во него читаме дека традиционално претпазливата надворешна политика на Ријад има дадено место на “импулсивно интервентна политика”. Германското надворешно разузнавање тврди дека за овој развој е одговорен најмногу Мухамед бин Салман – вториоѕ престолонаследник и министер за одбрана, кој се карактеризира како непредвидлив и неконтролиран.

(ВИДЕО) Грозна игра-обука за деца идни џихадисти: Најди и убиј заробеник !

Во последно време саудиската надворешна политика не може да се пофали со успеси: Иран се врати во меѓународната заедница, Асад се уште не е соборен, а самата Саудиска Арабија се вмешува се повеќе во војната во Јемен. Згора цената на нафтата падна на половина од она што е потребно за финансирањето на државниот буџет.
Иако извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија ги потврди сомневањата на Саудиска Арабија дека до 2003 година Иран тајно има развиено нуклеарно оружје, сега погледите се упатени кон другата страна на Персискиот залив. Одамна се зборува дека Саудиска Арабија веројатно распоредила на Арапскиот полуостров дел од пакистанскиот нуклеарен арсенал, чиј развој немаше да биде возможен без активната поддршка на саудиското кралство. И ако саудиската политика навистина е така “импулсивн”, како што ја опишува германското надворешно разузнавање, тоа би било навистина опасно.