“Шпигел” откри подмолен бизнис на европски компании со “Исламска држава”

од desk3
90 прегледи

Европски компании обезбедуваат техничка опрема за интернет пристап на групата “Исламска држава” (ИД), која ја користи глобалната мрежа за своите комуникации и пропаганда, пишува германското списание “Шпигел”.

efeedcdfa1b876499c7326c915663d66
Ниту една терористичка организација не користи интернет толку успешно, за да се рекламира себе и да здобива следбеници, како ИД. А групата делува во областите каде што телекомуникациската инфраструктура е силно уништена. Како се комбинираат овие работи? Одговорот е срамен за Европа: има и европски компании кои им обезбедуваат можност на терористите да ја шират својата пропаганда, истакнува весникот, цитирано од агенциите.

Не е јасно дали овие компании го прават тоа свесно, но најважно е дека тие би можеле да знаат, покажуваат документи, до кои добиело пристап списанието. А од техничка гледна точка тие можат да ги прекинат комуникациските канали – веднаш и без особени напори.

Албанија и Бугарија “печалат на големо” од сириската војна- едната продава пушки и муниција, другата рачни бомби и гранати за минофрлачи

Според “Шпигел” во Сирија и Ирак се инсталирани илјадници уреди кои овозможуваат да се воспостави сателитска врска со интернет. Голем дел од нив се наоѓаат во подрачја под контрола на ИД. Опремата пристигнува во Сирија од Турција, а меѓу компаниите кои испорачуваат интернет и потребна техника, се водечките европски сателитски оператори како Eutelsat од Франција, Avanti Communications од Велика Британија и SES од Луксембург.

Холандското пристаниште Ротердам, што е третото по големина во светот, е најверојатно водечкиот премин, каде тргнуваат испораките на сателитска опрема за Блискиот Исток. Производителите се со централи во САД и Далечниот Исток, но клиентите се компании со седиште во Париз, Лондон или Луксембург, истакнува германското списание.

Потсетуваме дека пред дена хакерската група “Анонимни” објави дека американската компанија “CloudFlare” обезбедува киберзаштита на сајтовите на “Исламска држава”. Откритието е дел од војната, која хакерите ја најавија кон терористите по нападите во Париз на 13 ноември.