Чоколадна статуа во природна големина на рускиот претседател Владимир Путин е претставена денеска на Фестивалот на чоколадото што се одржува во Санкт Петербург, а претставена е и реплика на неговото куче.

Скулптурата е направена за да би била поверна на оригиналот – тешка е нешто над 70 килограми и висока 172 сантиметри.
Заедно со чоколадниот кип на рускиот лидер направена е и чоколадна реплика на неговото куче, женка лабрадор Кони.

Скулптурата е дело на рускиот вајар Никита Гусев.
Организаторите на фестивалот се надеваат дека чоколадниот Путин ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.