Сите оние кои сонуваат да одат на сафари, од денес можат тоа да го остварат без патување во далечни земји, под услов да живеат или престојуваат во британската претсолнина.

Зоолошката градина во Лондон денеска почна да прима резервазии за ноќевање во една од дрвените колиби поставени во близина на кафези со загрозени азиски лавови.
Ноќевање во соба со поглед на лавови чини 378 фунти за едно, а 558 фунти за две лица.Во цената се вклучени еден пијалок, вечера, појадок, како и организирана прошетка по паркот во време кога нема посетители.
Учесниците на ова мини сафари ќе можат да присуствуваат и на ноќно хранење на животните.
Понудата важи и за возрасни и за деца. Азиските лавови речиси се истребени со лов. Денес има околу 500 кои живеат во дивина.