Мартија Станојковиќ од Куманово ги покажа жестокиот темперамент, неверојатниот талент и подготвеност за победа уште во претходните кругови, па и со својот трети настап само си ја потврди позицијата и со 5 гласа од жирито директно си обезбеди место во четвртиот круг од натпреварот во пеење “Пинкови ѕвездички“.
11 годишното девојче маестрално го изведе светски познатиот хит “How deep is your love“ , а храбриот и забавен избор го дигна и жирито на нозе за време на настапот.
Гоца Тржан воодушевена од настапот, во својот коментар рече: „Јас би ти дошла на концерт! Ти си светска ѕвезда, јас ова сериозно ти го кажувам! Начинот на кој ти се однесуваш на сцена, како изгледаш, како пееш…ти си подготвена за еден светски сериозен настап“
Леонтина ѝ рече: „Мартија јас те молам за едно десет години кога ќе дојдеш во Белградска арена со оние големи џипови и обезбедување, да ги пуштиш тетките од жирито да те поздрават. Може сега се што ти кажувам не разбираш, но јас знам дека ќе бидеш голема светска ѕвезда. И те молам да ни потпишеш некој автограм“.