СДСМ:По големиот скандал молк во Министерството за земјоделство

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Молк во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откако дополнителниотзаменик-министер, Љупчо Николовски го објави големиот скандал.

New Doc 1_1

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Србиновски, сегашен раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Битола и неговото семејство буквално го имаат запоседнато министерството. Таткото Илија заедно со синот и снаата се вработени во министерството, а сопругата на Србиновски, Слободанка, преку фирмата ИЗ ДЕСИЛ добива 45 хектари државна земјоделска земја под концесија.

New Doc 1_4

Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Никола Груевски, ниту пак министерството за земјоделство не даде одговор за овој класичен пример на злоупотреба на државните институции за партиски цели.Србиновски и неговото семејство профитирале и од поплавите што го зафатија пелагонискиот регион.

Последните поплави Србиновски ги има искористено за злоупотреба на буџетските средства наменети за исплата на штети.Според проценката на комисијта на општина Новаци, проценетата штета за исплата на фирмата на сопругата Слободанка е 1.118.000 денари.

New Doc 1_5

 

Скандалот е поголем бидејќи според записникот од инспекорите на терен, овие површини се поплавен намерно, поради рушење на заштитен насип на каналот од страна на Србиновски.

 

Пред приложените докази и најголемиот минипулатор Никола Груевски – молчи. Молчи заради тоа што Србиновски е фатен како безобразно ја злоупотребува државната функција. Молчи заради тоа што Србиновски е фатен како зема субвенции Молчи заради тоа што семејството Србиновски се фатени во класичен судир на интереси.

 

Со државни пари и функции Груевски ги наградува партиските послушници, за да може преку нив да ги уценува земјоделците. И ова не е единствен случај. Земјоделците постојано реагираат на притисоците што ги трепат за време на избори од овие локални моќници на Никола Груевски. СДСМ ќе продолжи да ги разотриква злоупотребите и да ги штити интересите на граѓаните. Тоа е нашата основна цел со влегувањето во институциите на државата, да бидеме контроли и да спречиме натамошна злоупотреба на државните функции во партиски цели.

 

Вистината мора да излезе на виделина, а сите што го прекршиле законот, да одговараат.

По 24-ти април и промените коишто ќе ги донесе СДСМ ќе значат чесна, одговорна и транспарентнa влада којашто ќе работи во интерес на граѓаните., се вели во соопштението на СДСМ.