Германија нема да и дава разузнавачки информации на Турција

од Vladimir Zorba
114 прегледи
Паралелно со информациите  за можна координација со сириската армија под контрола на претседателот Башар ал Асад и отфрлање на можноста да соработува со Русија, германските медиуми пренесуваат вести според кои Германија не планира да разменува разузнавачки информации со Турција за време на својата мисија против ИД во Сирија и Ирак.
turkish-germany
Според весникот „Шпигел“ германската влада преземала мерки според кои Турција не смее да добива разузнавачки информации прибрани од германските извидувачки авиони кои што ќе летаат над  Сирија и Ирак, јавува дописникот на МИА од Берлин.
И покрај тоа што германските авиони ќе оперираат од базата Инџирлик во јужна Турција, а Турција е членка на НАТО официјален Берлин планира да не ги дели своите информации со Анкара.
Причината е стравот дека Турција информациите би можела да ги користи за напади врз курдските сили коишто сега се сојузници на западната коалиција во конфликтниот регион.