Во сепаратистичкиот регион на молдавската Транснистрија се наоѓа веројатно најголемото складиште за муниција во источна Европа. Сериозен е стравот дека остатоците од советските времиња би можеле да влезат повторно во употреба- пишува DW.
Неопределеното селце Кобасна се наоѓа на 200 километри од границата која ја дели Република Молдавија од сепаратистичката Транснистрија. По распадот на СССР, регионот близу рeката Дњестар прогласи својата независност, но не доби меѓународно признание. Поранешната советска република Молдавија веќе не го контролира овој регион, но продолжува да гледа на него како на дел од својата државна територија.
Во Кобасна се наоѓа огромен магацин за муниција, контролиран од приднестровските сепаратисти и руските мировници, кои се наоѓаат во регионот од времето на воените судири во 1992 година. Иако Руската Федерација се задолжи уште во 1999 година да ги повлече своите војници од Приднестровјето, таму и до моментов се распоредени речиси 1.500 руски војници. Во магацините на Кобасна се наоѓаат оружје залихи на поранешната советска 14-та армија, како и оружје, повлечени од поранешните “братски” земји – ГДР и Чехословачка.
Без Русија веќе нема ништо да се случува во светот- Путин го принуди Запад да се согласи со него
На позадината на украинската криза во молдавскиот главен град Кишињев постојат големи стравувања дека овие оружја би можеле да се користат при евентуален оружен конфликт. Поранешниот молдавски министер за одбрана Виталие Маринута гледа и други опасности. Генералот тврди дека во Кобасна се наоѓаат уште околу 20 000 тони муниција за артилеријата и копнените сили, како и различна по вид воена техника.

Витали Маринута: Да се спречи оружје да падне во рацете на странски борци
“Според истражувањето на Молдавската академија на науките, со евентуална хаварија во овој магацин би можела да доведе до експлозија, споредлива со онаа од атомските бомби во Хирошима и Нагасаки”, вели Маринута. Тој тврди дека соодветноста на ова муниција одамна е истечена, поради што е потребно магацинот веднаш да се стави под меѓународна контрола, вклучувајќи и за да не падне оружјете во рацете на странски борци.
Илегална трговија со оружје
Транснистрија на неколку пати беше обвинувано за учество во нелегална трговија со оружје. Репортери на истражниот проект RISE Moldova открија уште минатата година колку лесно човек може да се здобие со оружје и муниција од магацин во Транснистрија. Новинарите се претставиле за луѓе кои сакаат да купат оружје, по што се здобиле со ракетен фрлач и соодветните муниција, а “трговецот” им ветил дека може да им испорача секаков вид оружје.
Политикологот Оазу Нантој од Кишињев претпоставува дека Трансдњестар е во состојба и сам да произведува оружје. За DW, тој рече дека од сепаратистичкиот регион на неколку пати било “изнесувано” оружје за странство. Во 1990-тите години на пример оттаму се изнесувало оружје за регионот на Балканот, кое било користено во времето на војните во поранешна Југославија. Постоеле и вистински ценовници за одделните видови на оружје и муниција.

Оазу Нантој: Оружје од сепаратистичкиот регион се изполвани за време на војните во поранешна Југославија
Сепаратизам и тероризам
Освен како центар на илегална трговија со оружје, регионот на Трансдњестар се претвори и во средиште на различни терористички групи, тврди поранешниот шеф на молдавските тајни служби Валентин Дедиу: “Имавме информации дека различни терористички организации купиле оружје од Транснистрија. А колку што можеме да го асимилирани сепаратизмот со тероризмот, би можеле да кажеме дека во Транснистрија денес има кампови за обука на терористички групи “, вели тој. Според Дедиу, мажи од Транснистрија учествувале во различни акции во Украина, како што се нападите од Одеса во 2014 година.
По терористичките напади од Париз молдавските сили за безбедност ја засилија својата контрола. Приведени беа бројни мажи, за кои се тврди дека биле вклучени во воените дејствија во регионот на Донбас. Во минатата недела беа приведени и членовите на полувоена група која веројатно планирала различни напади во Молдавија. Запленети биле географски карти, на кои биле нанесени евентуалните цели, како и бројни оружје.

Валентин Дедиу: Во Транснистрија има кампови за обука на терористички групи
Молдавскиот пратеник Вјачеслав Унтила, претседател на парламентарната комисија за безбедност во Молдавија, не ја исклучува можноста да се појават нови полувоени формации, слични на оние на полуостровот Крим, кои ќе предизвикаат немири во регионот.
Несигурноста во Република Молдавија се зајакнува понатаму и од политичката криза во земјата. Дискредитирана заради корупција проевропската Унија не е во состојба да состави стабилна влада. Проруските партии сакаат да предизвикаат избори. Тие водат во сите анкети на социолозите и во случај на победа на изборите би ја врзале земјата посилно кон Москва. Опасноста од нова вонредна појава крај источната граница на ЕУ, станува реално.
