Комората на Извршители на РМ денеска преку сооштение најостро реагираше против злоупотребата на извршителите во политички цели. Организацијата на извршителите порачува дека извршувањето во Република Македонија е столб и гаранција на правната заштита на имотот на граѓаните.
Извршителите и извршувањето не постои заради оние кои немаат да платат туку заради оние кои не сакаат да ги почитуваат договорите и судските одлуки и не сакаат да ги сервисираат своите долгови. Имено со законот за извршување се заштитени најранливите категории на граѓани и оние примања кои доаѓаат од одредено социјално право се изземени од извршување. Исто така извршувањето е ограничено на 1/3 од плата без разлика на големината и бројот на долговите што граѓанинот ги има, пишува во соопштението.
Од комората на извршители велат дека се подготвени да разговарат со секој кој има конструктивни предлози и ке ја поддржат секоја позитивна иницијатива која ке доведе до надминување на одреден проблем на граѓаните.