ШК Алкалоид организира Отворен турнир во забрзан шах

од Vladimir Zorba
103 прегледи

 Во организација на Шаховскиот клуб Алкалоид денеска во хотел „Континентал“ во Скопје, ќе се одржи Отворениот турнир во забрзан (рапид) шах АЛКАЛОИД 2015“.сах мат

Турнирот ќе се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ.
 
ШК Алкалоид по традиција на крајот на годината на сите љубители на шахот им овозможува целодневно дружење и можност да се учествува во квалитетен турнир на кој ќе настапат преку сто шахисти од цела Македонија, а ќе има и странски играчи.
Организатор обезбедува трофеј, патични и други награди за победникот и за најдобрите во повеќе категории.
Почетокот на Отворениот турнир е во 10 часот, а од 14 часот и 30 ќе се одигра и традиционалниот Отворениот турнир за новинари во забрзан (рапид) шах