Социјалната мрежа Фејсбук ќе воведе можност за емитување видео во живо.
Селектирана група на познати личности и значајни потрошувачи имала можност да ја користи услугата претходно во текот на последните неколку месеци.
Емитувањето во живо преку мобилни телефони стана едно од најголемите технолошки трендови во текот на годината, со внесените Twitter услуги Periscope и Meerkat, кои имаа огромен успех, потсетува БиБиСи.
Минатата година компанијата Amazon ја купи платформата за видео лајфстрим Twitch за 1 милијарда долари. Првично новата услуга на Фејсбук ќе биде достапна само за мал процент на корисници во САД, кои го користат смартфонот на Apple – iPhone.
Од социјалната мрежа изјавија дека “со текот на времето компанијата планира да ги вклучи сите корисници”, без да наведат точен план. Во блогпост во кој ја претстави новата услуга Facebook Live, компанијата вели дека “Live ќе ви овозможи да прикажете на блиските што гледате во реално време, без разлика дали посетувате ново место, го готвите омиленото јадење или едноставно сакате да споделите малку мисли со нив “.
Видеостримот ќе го прикажува бројот на набљудувачи во реално време, имињата на “пријателите”, кои исто така ве гледаат, како и коментари на случувањата. Завршениот видео клип ќе се задржува на “ѕидовите” на корисниците, додека тие не одлучат да го отстранат.