Пред извесно време ви покажавме хотел, целосно инспириран од филмската серија “Господарот на прстените”.
Изгледа обожавателите на оваа тематика се многу, па компанија наречена Green Magic Homes (Зелени магични домови), решила да изгради неколку мали куќи слични на оние на хобитите.
Тие можат да бидат изградени за неколку дена на различни локации и тоа само од три лица.
Исто како дом на хобитот, куќите се приспособени да “постојат” под слој земја врз која дури може да се засади зеленчук.
Ако пак не сакате да одгледувате растенија на покрив, може да ги затрупате со песок или пак снег – прашање на избор.
Фирмата нуди различни визии за дизајнот, кои можат да бидат прилагодени на индивидуалните желби на клиентите.
Сама по себе идејата за овие пријатни и еколошки куќи, приспособени да се спојат со природата, е одлична, дури и да не сте обожаватели на Толкин.
За да видите повеќе слики на хобитовата куќа, едноставно посетете ја галеријата.
Фото: greenmagichomes.com