Еден украински војник е убиен изминатите 24 часа во проруските сепаратистички региони, каде вчера повторно почнаа спорадични битки, соопшти денеска командата во Киев.
Војникот загинал во селото Зајцево, кое се наоѓа на граничната линија меѓу војските на 50 километри северно од бунтовничкото упоруште Доњецк.
– Сепаратистите ги напаѓаа со минофрлачи позициите на украинската армија, изјави на прес-конференција портпаролот на украинските сили Олександер Мотузјаник.
Порошенко ја доби првата “европска по уста”- холандскиот премиер го приземји да не лета по европските небеса
Украинските сили изутринава соопштија дека во петокот учествувале во судири во истата зона, каде стотици бунтовници ги нападнале нивните позиции.
Сепаратистите ја обвинија во меѓувреме украинската армија дека ноќта саботата спроти неделата извршила напади со минофрлачи кон предградие на Доњецк и врз локалниот аеродром, кој во јануари по жестоките борби беше преземен од сепаратистичките сили.
Конфликтот во источна Украина, во кој од април минатата година загинаа над осум илјади лица, се смири откако во септември стапи во сила примирјето, кое беше почитувано околу два месеци. Изминатите неколку недели судирите повторно се разгорија.