Богатите земји ветиле од 80 до 90 милијарди долари годишно за да им помогнат на сиромашните држави да се справат со глобалното затоплување, соопштија делегатите од Конференцијата за климата, која се одржува во Париз.

Претставници на земјите во развој, пак, ги оспорија овие бројки, нагласувајќи дека достигнувањето на целта од сто милијарди долари до 2020 година е се уште далеку.
Ова прашање е централно во преговорите во Париз, каде околу 200 земји се обидуват да договорат нов пакет за борба против климатските промени.
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која ги претставува богатите земји, пресмета дека финансиските ангажмани од развиените земји достигнале вкупно 62 милијарди долари во 2014 година во однос на целта на ОН од сто милијарди до 2020 година.
По објавувањето на извештајот беа ветени дополнителни средства, вклучувајќи ги и тие од Велика Британија, Франција, Германија и Јапонија, нагласија делегатите.
ОЕЦД се уште не ги актуелизирала податоците, но делегатите посочуваат дека тие ја користеле метологодијата на Организацијата за анализа на средствата.