Џихадисти заработуваат и од трговијата со памук во Турција

Терористичката група “Исламска држава” добива пари од трговијата со памук во Турција. Ова го објави ТАСС, повикувајќи се на швајцарскиот весник Tribune de Geneve. “Памукот е еден од главните ресурси во Сирија и сега тој се наоѓа во рацете на џихадисти. Тој поминува токму преку Турција и им носи приходи на групата. На крајот на краиштата работи произведени од овој памук доаќаат и на нашите полици. Облеката што ја купуваме, и овозможува на ИД да купи оружје и да организира нови напади “, пишува весникот. Според авторот на материјалот – економистот Мишел Санти, овој бизнис на терористите им носи пристоен приход во износ од околу 2 милиони. долари дневно. Кон нив се додаваат и средствата кои доаѓаат во групата од продажбата на нафта. Меѓу другите приходи на терористите се кражбите, убиствата и киднапирања. Така, по груби сметки, годишно ИД си донесува приходи во износ од 290 милиони. долари.