Индиски храм довери 5,5 тони злато на банка

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Индискиот Храм Тирумали Венкатешвари, сметан за најбогатиот хинду храм во светот, планира да остави во банка 5,5 тони злато, пишува весникот “Хинду”. Банките во Индија даваат годишна камата од 2,5% за складирање на злато од правни и физички лица.4544559

Храмот се наоѓа во државата Андра Прадеш во југоисточна Индија и е посветен на едно од вознесенијата на високиот хинду бог Хинду, чуварот на мирозданието. Тој се наоѓа на еден рид во близина на градот Тирупати, а храмот е една од најпочитуваните светилишта во регионот.

Се проценува дека секоја година верниците оставаат во него 100 килограми злато и 120 килограми сребро. За времена големите верски празници, сепак, се оставаат уште повеќе вредни метали, бидејќи тогаш во храмот доаѓаат над 500 000 луѓе.

Во април 2013 година Американецот од индиско потекло Рамалинга Раџу обезбеди на храмот сума еднаква на 2,3 милиони долари – тоа беше најголемата донација од странство. На барање на Раџу две третини од износот беа потрошени за создавање на златни венци со тежина од 35 килограми – во Индија е прифатено да се ставаат венци врз статуите на божества.

Храмовите во Јужна Индија имаат огромни резерви од скапоцени метали. Тие се чуваат таму од древни времиња, бидејќи муслиманските инвазии не дошле до овој дел од земјата. Во 2011 година во храмот Падманабхасвами во јужната држава Керала беа откриени скапоцености и антички предмети во вредност од 15 милијарди долари. Според експертите Индијците чуваат во своите домови најмалку 20 000 тони злато.