Нешто се менува во односите на Западот со Саудиска Арабија. Ова може да се прочита во весниците, може да се чуе од политичарите, може да се види во промената на политиката. Во западниот печат веќе често се појавуваат непријателски статии за Саудијците. Во уводникот во неделата лондонскиот “Обсервер” ги разобличи односите на Велика Британија со Саудиска Арабија, нарекувајќи ги “нерамна унија, кој се заканува на нашата безбедност”.
Два дена порано БиБиСи објави напис кој раскажува за “невиден бран на егзекуции” во Саудиска Арабија. А пред два месеци Томас Фридман, сметан за највлијателниот коментатор во САД, ја нарече терористичката група “Исламска држава” “идеолошка морон” на Саудиска Арабија.
Сличен јазик се слуша и од политичарите. Германскиот заменик-канцелар ја Зигмар Габриел обвини Саудиска Арабија дека го спонзорира исламскиот екстремизам на Запад и додаде: “Треба јасно да покажеме на Саудијците дека повеќе не можеме да ги затвораме очите.” А во Велика Британија лордот Ештон, поранешен лидер на либералдемократите, повика на истрага за “спонзорирање на џихадизмот” во Велика Британија и посочи со прст кон Саудиска Арабија.
Исламска држава управува по Прирачник од 24 страници
Ненадејно зголемената загриженост од активностите на Саудиска Арабија во голема мера се должи на зајакнувањето и активирањето на ИД. Оние кои ја одредуваат западната политика, се свесни дека битката со џихадизмот е колку воена, толку и идеолошка. Кога го бараат изворот на ставовите на ИД за светот, тие се повеќе го откриваат во филозофијата на вахабизмот, кој го пропагира саудиската верска врхушка.
Саудиското влијание на Запад се намалува и поради други причини. “Револуцијата на шкрилци” во САД го направи Западот помалку зависен од саудиската нафта. Во исто време нередот во Блискиот Исток го насочи вниманието кон саудиската надворешна политика, а посебни критики предизвикуваат многуте цивилни жртви при саудиската воена интервенција во Јемен и улогата на Ријад во “подмачкувањето” на востанието во Бахреин во 2011 година
Засега овие критики водат само до лесно нијансирање на западната политика. За самите Саудијци најсериозна промена беше цврстата решеност на претседателот Барак Обама да постигне нуклеарен договор со Иран, покрај жестокиот отпор од страна на Ријад. Надвор од договорот со Иран сепак ги засегаат малите, симболични чекори, како што е одлуката на Лондон, диктирана од набљудувачката загриженост, да се повлече од учество на тендер за програма за обука на вработените во саудиските затвори.
Западните критичари на Саудиска Арабија инсистираат да се дејствува цврсто. Тие ги обвинуваат владите на Велика Британија и САД дека се заложници на саудиските пари. Лорд Ешдаун зборува за влијанието на “богати личности од регионот на Заливот” врз британската политика. Саудиска Арабија останува исто така клучен пазар за западните производители на оружје. Само за последните 18 месеци САД одобрија продажба на оружје за Саудиска Арабија во износ од 24 милијарди долари.
Постојат и други сериозни причини кои немаат врска со парите, за континуираната западна соработка со Саудиска Арабија. Настаните од последните пет години покажаа дека кога лошите влади на Блискиот исток паѓаат, на нивно место доаѓаат многу полоши. Најжестоките внатрешни критичари на саудиската монархија не се либералите, туку исламистичките екстремисти. Стравот дека Саудиска Арабија може да стане уште една неуспешна држава, го гони Западот. Еден висок британски дипломат предупредува: “Ако се ослободите од саудиската династија, за шест месеци ќе копнеете тие (принцовите) да се вратат”.
Односот на Саудиска Арабија со џихадизмот исто така е сложен. Точно е дека исламистите во Саудиска Арабија имаат идеолошка, а понекогаш и финансиска поддршка на џихадисти во светот. Но точно е и тоа дека самото саудиското кралско семејство често е мета како на ИД, така и на Ал Каеда. Во исто време разузнавачките информации кои потекнуваат од Саудијците, испаднаа од клучно значење за спречување на некои терористички заговори на Западот. Еден западен претставник од службите за борба со тероризмот вели вака: “Саудијците понекогаш се како изворот на проблемот, така и најдобро средство против него”.
Некои западни стратези се прогласуваат за откажување од сојузот со Саудијците во корист на зближување со Иран. Ако меѓународната политика беше шах, тоа би изгледало како мудар потег. Во реалниот свет, сепак каков и да е, западниот сојуз со Иран се уште е далечна перспектива. Нема гаранција дека “умерените” некогаш навистина ќе дојдат на власт во Техеран. А во исто време Иран продолжува со поддршката на радикални вооружени групи како “Хезболах”, и да ги дестабилизира соседните земји. Здружувањето со најголемата шиитска држава освен тоа сигурно ќе ги одврати муслиманите сунити, а тоа ќе “потхрани” групации како ИД. Активистите можат да го истакнат и фактот дека Иран егзекутира повеќе луѓе од Саудиска Арабија.
Признавајќи дека сеуште има оправдани причини Западот да работи тесно со Саудиска Арабија, сепак, не е исто како да кажеш дека ништо не треба да се менува. Верската толеранција е вистинскиот збор, на кој Саудијците можат да бидат притискаат.
Одамна постои нешто невкусно во западниот пристап кон саудиската монархија. Европејците и Американците го прифатија блескавиот двоен стандард, според кој на Саудијците се овозможува да спонзорираат сопствен бренд на верска нетолеранција, а во исто време го забрануваат организираното практикување на други религии во самата Саудиска Арабија.
Можеби е време Саудијците да бидат поставени пред избор: дозволете во Саудиска Арабија да бидат отворени цркви, хинду храмови и синагоги, или ќе ви биде забрането да финансирате џамии на Запад.
