Рускиот претседател ќе треба да избира меѓу поразот и диктатурата, анализира “Волстрит Дејли”

На позадината на успесите во Украина и Сирија Владимир Путин изгледа сесилно како лидер, пишува “Волстрит Дејли”. Но економските проблеми на Русија можат сериозно да го променат тоа во изборната 2018 година. Поради нив Путин ќе треба да избира меѓу евентуално пораз на изборите и фактичка воведување на диктатура.
Главните пречки пред рускиот претседател на патот кон својот следен менаџерски мандат се ; цените на нафтата, кои остануваат на нивоа 40-50 долари за барел и падот на руската економија, кој во голема мера е последица од тоа.Според Меѓународниот монетарен фонд, руската економија се наоѓа во опаѓање, иако џасега не се гледаат знаци дека го достигнал дното. Економскиот пад ќе продолжи и во 2016 година и само во 2017 година може да се очекува мал позитивен раст, тврдат од институцијата. Во исто време, рускиот државен буџет доживува акутен дефицит и забрзано ги троши парите од резервниот фонд. Ако темпото на ова трошење се парите во овој фонд тоа ќе заврши до крајот на 2016 година. Во исто време воените трошоци растат, бидејќи тука Путин ги реализира своите геополитички амбиции.
Има и уште една непозната величина пред Кремљ- во 2017 година во САД ќе има нов претседател и има голема веројатност тој да не се помирува со руската експанзија, како администрацијата на Барак Обама. А ако тоа се случи, за Русија ќе настапат тешки времиња.
При зачувувањето на цените на нафтата на нивоата 40-50 долари за барел, Владимир Путин ќе се покаже пред непријатен избор во 2017 година. Тој треба или да се откаже од воените авантури и да се надева да ја врати економијата на земјата до изборите, за да победи на нив или да ја удвои својата експанзија и за целта да фи стегне сите финансиски средства од руските компании и од обичните луѓе, за да ја закрепи моќ и агресивна надворешна политика. Проблемот со прекин на воените акции на Русија е во тоа дека таквото решение ќе е непопуларно во земјата и пред шовинистички чувства на рускиот народ. А и можноста на Путин за година да ја закрепне економијата е исто така доста нереално. При оваа опција не е исклучена во Кремљ да влезе друг претседател, кој треба да е од типот “добронамерниот Борис Елцин”.
Вториот избор претпоставува или поништување на изборите во 2018 година или спроведување на фиктивни избори, на кои Путин ќе добие победа во советски стил – со поддршка на над 99.98% од гласовите. И тоа е доста веројатна опција. Перманентно диктатура на Владимир Путин во овој случај ќе трае до до неговата 80-годишнина во 2032 година и Русија ќе стане не особено добро место за живот, но и опасен противник за САД и ЕУ. Нејзината економија ќе е планирана како во СССР, а енергетскиот и примарните сектор ќе биде целосно во служба на воената машина. При тоа експанзијата на Владимир Путин ќе влијае и на други земји од поранешниот СССР, како и некои земји од Источна Европа и Блискиот Исток. Не е исклучено Ирак да стане руски протекторат и да обезбеди на Кремљ дополнителни пари од продажбата на нафта. Сите големи руски енергетски компании ќе останат во рацете на “пријателите на претседателот”. Но воената машинерија нема да произведува ништо што може да излезе на пазарот и тоа ќе ја зголеми разликите меѓу Русија и другите европски земји.