На секоја возраст има место за љубов и секс. Ако кај жената цутот на сексуалноста доаѓа од 30-годишната возраст нагоре, машките биоритми се други. И во секој возрасен период интимниот живот на мажот има свои особености.
Сега ќе разбереме што е она што се менува кон убаво, а што кон полошо.
20-25 години: многу тестостерон и “испитување на пленот”
На овие години мажот поседува добра физичка форма, здрав е, затоа и му потребен редовен секс. Покрај тоа, тој има огромна количина на тестостерон во крвта и во секој момент младиот маж е подготвен да ги задоволи нагоните. Возбудата настапува брзо, но времетраењето на сексуалниот чин може да ја разочара жената – многу мал процент мажи можат да “издржат” повеќе од 5 минути секс. Дополнителен минус е дека на оваа возраст повеќето мажи не обрнуваат големо внимание на галење и увертира во потрагата побрзо “да фатат плен”.
25-30 – помалку тестостерон, повеќе секс
Кон крајот на оваа возраст тестостеронот сенамалува и жедта за секс станува осознаена и контролирана. Мажот станува избирлив: за него е важна сексуалната привлечност на партнерката, нејзината сензуалност и искуство. Сексот станува подобар, мажот е способен на неколку полови чинови за една ноќ. Особен плус за жените со фантазии е дека на овие години мажите бараат повеќе експерименти и откритија.
30-35 – секс маратон до и над 10 минути
Тоа е процутот на мажот, тој е полн со сили, енергија, амбиции и желби. Но, социјалните обврски и одговорности во некоја мера го намалуваат нивото на сексуалноста. Се зголемува заморот, пренапорот, стресот, потребата од повеќе сон. Соодветно маратоните до утрото стануваат поретки. Здравјето веќе почнува да куца, токму на оваа возраст може да се развие простата, поради што е потребна дополнителна стимулација. Во исто време при самиот сексуален чин мажот на овие години може да издржи многу долго – процесот може да трае над 10 минути, понекогаш и неколку часа.
35-40 – страст кон експериментите
Статистиката покажува дека ако до тој момент мажот водел регуларен сексуален живот, особени промени не се предвидуваат. Единствената сопка може да бидат некои хронични заболувања, на кои не им било обрнато внимание навремено. Има уште интересна статистика: некои мажи, кои стекнале веќе искуство, доживуваат зголемена страст кон експериментите. Тој станува трагач на нестандардни задоволства. Ако желбите на жената се совпаѓаат, тоа не е никаков минус. На голем плус на оваа возраст е дека мажот нагласувамногу повеќе на задоволување на партнерката, отколку на сопствените задоволства. Тој е нежен, додворувач, способен е за подолг полов акт, бидејќи личното задоволство преминува некако во втор план.
Над 50-те – подобрување на сексуалните функции
Колку и да е парадоксално, но според научниците кај четвртина од мажите на овие години сексуалните функции се подобруваат во споредба со 30-40-годишната возрасна група. Од физиолошка гледна точка тоа може да се објасни со тоа што мажот веќе не е подложен на сексуалниот стрес од помладите години. Половиот акт е продолжен, мажот мисли повеќе за задоволство на жената, времето за љубовните игри се зголемува.
Без сомнение секој маж е индивидуален и горенаведеното е само едно резиме на статистиката. Најважно е физичкото и психолошкото здравје. Тогаш сексуалната радост кај мажот и жената ќе биде реалност во секоја возрасна група.