Земјите од ЕУ и Европарламентот изработија спогодба за превенција на криминалот. Според договорот интернет компаниите како eBay, Amazon и Google ќе бидат обврзани да ги зголемат мерките за безбедност и да пријават откритија во нив.
Првиот нацрт на паневропското мерки е одобрен подоцна вчера, а електричните, водоснабдувачки и транспортни компании, финансиски институции и здравствените установи ќе бидат обврзани да ја зголемат компјутерската безбедност и да ги информираат одговорните институции при проблем.
“Ова е голем чекор за зголемување на сајбер безбедноста во Европа”, изјави еврокомесарот за дигиталните технологии Гинтер Јотингер во пост на својот блог.
Според спогодбата онлајн продавници како eBay и Amazon, и пребарувачи и cloud простори за датотеки како Google ќе треба да ја зголемат својата безбедност, но новите правила нема да важат за мали технолошки компании.
Европските бизниси и сеопфатната економија губат стотици милијарди евра годишно за борба против компјутерскиот криминал и сајбер нападите, изјави Отингер. Новите правила ќе ја зголемат довербата во технологијата на потрошувачите, владите и бизнисите, ја објасни крајната цел Отингер. Идејата е исто така мерките за безбедност да се претворат во фундамент на создавањето на единствен европски дигитален пазар. Претстои новите правила да бидат разгледани и одобрени од внатрешната пазарна комисија на ЕП, по што и од 28-те земји членки.