Убавината на природата во нејзините различни форми е нешто што нема како да нè остави рамнодушни.
Прекрасните и заситени бои, разновидноста на растенијата и дрвјата, најчудните форми на карпите и планините, егзотиката на белите плажи и палми – ова се само дел од доказите за величието на нашата планета или попрецизно за величието на нејзината природа.
Еден доволно импресивен пејсаж е во состојба да нè натера да останеме во мирување, да “го исчистиме нашиот ум” и да се насладуваме на она што го гледаат нашите очи.
Што би се случило сепак, ако овој пејзаж се пресоздава како во две реалности? Сигурно нешто навистина убаво.
Токму двојната реалност е тематиката која ја пресоздава фотографот Jaewoon U. Тој работи во Сеул, Јужна Кореја, затоа до овој момент сликите доловуваат само прекрасни пејзажи од оваа азиска земја.
Фотографот користи рефлексии на прекрасните пејзажи во реки и езера, на тој начин создава хармонично композиции. Уживајте во нашата галерија.
Фото: Jaewoon U