(ВИДЕО) Русите од под вода ги гаѓаа џихадистите- првото групно истрелување на ракети од подморници

од desk3
136 прегледи

Руското Министерство за одбрана објави видео од истрелување на ракети “Калибар” од подморницата “Ростов на Дон”, која плови во водите на Средоземното Море. Таа беше под вода при операцијата.

-групово-изстрелване-на-крилати-ракети

Министерството прецизира дека тоа е првото лансирање од подводна позиција на неколку ракети “Калибар”. Ракетите уништија два командни центари на терористичката група “Исламска држава” (ИД) во провинцијата Ракка која е бастионот на ИД.

Зарем размислувал и за тоа !?- Путин се надева дека нема да употреби нуклеарно оружје против “ИД”

Одделно руската армија нанела во последното деноноќие воздушни напади со бомбардери,кои полетале од базата во Кавказскиот град Моздок, и со авиони, полета од сириската база Хмејми. Тие нанеле удри по 720 терористички цели на сириска територија. Уништени се вкупно 70 командни позиции, 21 бази за подготовка на терористите, 6 фабриката за производство на муниција и експлозиви, 43 магацини со оружје и друго.