Божиќната декорација е во основата на новогодишното или божиќното расположение. Што е празник без празнична атмосфера? Важно е храната на празничната трпеза да постои, бидејќи без неа празникот е незамислив, но декорацијата е повеќе од задолжителна.
Ќе ви понудиме неколку инспиративни идеи за празнична декорација во бело, од која блеска нежност, чистота и мир.
Шишињата, обложени во бел вештачки снег се прават лесно. Само намачкајте го шишето со малку лепак, тркалајте го во вештачки снег и почекајте да се исуши. Во него можете да поставите како вистински цвеќиња, така и вештачки.
Екстравагантно средена стаклена вазна е другиот начин да го декорирате вашиот дом. Земете суви гранчиња, кои ќе ги ставите во вазна. Околу неа ставете суви конуси, попрскајте со бел спреј. Можете да ги попрскате и сувите гранчиња, ако сакате.
Ако паѓате на посветкав стил, внесете повеќе сјај во декорацијата. Во голема стаклена вазна или сад ставете различни стаклени, кристални или брокатни елементи – играчки, венци, топки, бисери – како ќе ви текне.
Свеќите се исто така еден од најдобрите начини да го декорирате вашиот дом. Ставете во аглите на просториите или на масата сребрени гламурозни свеќници. Околу нив додадете уште сјај со помош на нежни венци и бисери. За повеќе расположение можете да ги бојадисате стаклените свеќници со сребрен спреј.