Светот се менува. Интернетot постепено ги окупира и менува сите други медиуми. Оваа промена не е од вчера, таа се случува со децении. Но, процесот се развива се побрзо.

Најстарите традиционални медиуми како весниците, реално минуваат во онлајн форма. Сличен тренд веќе почнува и во телевизиите.
Тука не станува збор за промена на содржината, туку за промена на формата. На пример Би-Би-Си објави дека размислува да го направи новинарскиот канал достапен само онлајн.
Очекувањата на IHS Technology и IAB за оваа година се дека трошоците за рекламирање во печатените изданија ќе се намалат за 5,8%, радио рекламите ќе паднат за 1.1%, а кај телевизиските реклами ќе има минимален раст од 0,9%.
Само во првата половина на оваа година во Европа се потрошени 16 милијарди евра за онлајн рекламирање. Тоа е раст со 9,7% во однос на истиот период 2014 година, а се очекува до крајот на оваа година износот да порасне до 34 милијарди евра.