(ГАЛЕРИЈА) Елегантната палата на Бруно Марс

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Носителот на “Греми” Бруно Марс неодамна ја продаде својата куќа во својот роден град Хонолулу, Хаваи и купи нов дом во Холивуд Хилс, Калифорнија.b887e88e1d8f0565844f093c1fcf15b6

Пејачот го стекнал имотот за малку над 3 милиони американски долари. Убавата куќа, која се наоѓа на рид над Лос Анџелес, е решена во современ стил и располага со 11-метарски ѕидови од матирано стакло, од кои се открива одличен градскиот пејзаж.

Еднокатната куќа е со површина од 474 квадратни метри, кои се доста за 30-годишниот уметник, кој се уште не создал семејство со долгогодишната девојка – моделот Џесика Кабала.

Во зградата на Бруно има базен, гаража за три автомобили, спа зона и игралиште. Во моментов Марс работи на третиот студиски албум.

Тој има издадено два албума “Doo-Wops & Hooligans” во 2010 година и “Unorthodox Jukebox” во 2012-та, а за последен пат освои награда “Греми” за најдобар поп вокал-албум.

Видете ги фотографиите на убавата палата на музичарот во галеријата.