“Гугл” можеби сака да ја замени популарната услуга за поштенски услуги “Gmail” со нова апликација, пишува “Индипендент”.
Компанијата ги поканува своите корисници да го користат “Inbox by Gmail”, а според некои тоа можеби е “почетокот на крајот” за стариот Gmail.
“Inbox” беше претставена минатата година, но дури сега од технолошкиот гигант покажуваат зголемен интерес во наметнувањето на услугата. Преку различни функционалности таа анализира и дистрибуира пошта во секции, за да се олесни и прошири употребата на класичната електронска пошта.
По последните новости корисниците на “Gmail” на смартфон, во оваа фаза без да е задолжително, се префрлуваат кон “Inbox”. При отворањето на апликацијата голем прозорец го повикува корисникот да се насочи кон новата услуга.
“Ви благодариме што го пробувате ” Inbox “, гласи пораката при лoгирање. “За да ви олесниме, го обновивме Gmail, за да ве препрати тука” Се уште е достапна опција корисникот да се врати на стариот изглед на “Gmail”. Некои од корисниците укажуваат дека наскоро “Гугл” ќе ги насочува автоматски поштенските услуги кон новата апликација на смартфоните Android.