(ГАЛЕРИЈА) Неверојатни детски чинии со цртежи од храна

од Vladimir Zorba
595 прегледи

Исхраната кај децата често е предизвик за родителите. Малите имаат цели групи со храна, кои не сакаат да ги консумираат, но се важни за нивниот раст. Исхраната треба да биде не само разновидна, но и да ги забавува малите, а покрај нив и нас возрасните.02c61658e4fb3b69fc660e0adc87c8ea

Инспирирани од децата и претстојните празници споделуваме неколку прекрасни идеи за прекрасни детски менија. Додека ги приготвувате за вас ќе бидат вистинска инспирација, а за малите нема сомнение дека ќе изедат сè што сте им сервирале.

Мечето Пу е омилен лик. Овој е направен од палачинки, здрава количина чоколадо и свежо овошје и зеленчук.e78ac87ff1dd669771d9e5d7a4568b74

Овцата Шон се разбира е направена од убав ориз, јајца и исклучително вкусна и корисна брокула.128450976133376f278b8c4828c93aa5

Не пропуштајте да направите и мени со мињон. Потребна ви е елиптична палачинка, свежи плодови, малку чоколадо и неколку соленки.eefa3fe20dd0fc82e8c5379cfe49e762

Новогодишните мечоци се убави и многу вкусни за јадење. За овој ќе ви се потребни урда, бел и кафеав ориз, свежи пиперки, брокула и две соленки.
c6bfcf6ee2b81e2f8784a4d90eb4d91d
Сендвичите не се она што беа! Ова симпатично розово прасе Пепа Пиг е направено од леб, шунка, пиперка и чедар сирење.9341f824abb54043b17493ab3c74b762

Волшебниот замок е вистинска кулинарска уметност послужена во чинија. Исечете неколку ленти авокадо, свежо киви, додадете малку сирење и двопек.03469d6cebc6b792356539b0532ea026

Галерија: instagram